Кој може да одолее на преубавиот ирски вкус на кафе?! Необично, вкусно, неодоливо и ледено. Пробајте го овој рецепт кој е идеален и за во зимскиот период иако е леден.
Потребни состојки (за две смеси)
- Силно црно кафе, оладено
- 335 милилитри слатка павлака
- 90 милилитри ирско виски
- 1 лента чоколадо, стопено
Ставете го кафето во стандарден калап за лед и замрзнете го. Во друг калап ставете дел од слатката павлака. Од останатата слатка павлака направете шлаг пена и тргнете ја настрана.
Земете 4 коцки од замрзнатото кафе и ставете ги во блендер, каде што ќе го додадете и вискито. Матете додека не добиете пенеста смеса. Потоа додајте 2 коцки од замрзнатата слатка павлака и изматете заедно со една лажица чоколадо. Спојте ги двете смеси и декорирајте со шлаг пена и течно чоколадо. Повторете за второто сервирање…

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера