БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Легендите се враќаат во Вардар: Васовски и Хаџиевски ќе го крепат ФК Вардар- Оттука натаму наша песна пееме!

Пренеси го гласот

“Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.

Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим.

Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет.

Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде веќе во среда, против екипата на Силекс, кој нашиот Вардар ќе го одигра на стадионот “Борис Трајковски” во населбата Маџари, со почеток од 16:30ч

Ги покануваме сите навивачи на клубот да присуствуваат на натпреварот, да ги поздравиме како што доликува големите Вардарови легенди и да им дадеме поддршка на нашите фудбалери, за да стигнат до првата победа.

Обединети се бориме, за клубот на народот!

#ЕденЖивотЕднаЉубов
#СитеЗаедноЗаКлуботНаНародот

-фејсбук статус на фан страната на ФК Вардар

Креирано од:


Пренеси го гласот