Во најтраорните денови во поновата македонска историја, кога ја преживуваме најголемата колективна болка како нација – во овие денови на жалост реагираме со крајна осуда за нечовечкиот и срамен обид на владејачката партија ДПМНЕ да организира јавна хајка против млад човек, користејќи провладини загари – Алфа, Курир, Лидер, Република и тн.
Без етички граници, нашиот млад член и студент на Филозофскиот факултет во Скопје, Кирил Митановски беше посочен дека ,,потикнува раздор помеѓу студентите”, ,,организира студентски протести и е нивен лидер” е ,,некрофил” и тн. – со тон кој треба да создаде хистерија и резигнација кај читателите.
Левица остро го осудува ова однесување на властите кои без тронка срам сакаат да го демонизираат гневот и болката на младите кон системот кој ни одзема толку блиски луѓе и сограѓани, давајќи му партиски контекст. Ќе ги преземеме сите правни средства да ги заштитиме недолжните граѓани од политичката агенда на владејачката партија, која сака да клевети и линчува млади луѓе.
Ја повикуваме АВМУ да реагира во најбрз можен рок.
Нашите мисли се со семејствата на починатите во Кочани и будно ги следиме постапките на институциите.
-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на Политичката ПАртија Левица


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР
Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците
Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот