Интегрален текст на соопштение упатено до јавност од Левица:
“Денес нашиот советник Петров, поднесе шест амандмани на Предлог – буџетот за 2025 година, од кои четири амандмани се однесуваат на Предлог – програмата за уредување на градежно земјиште, еден амандман на Предлог – програмата во областа на социјална заштита и еден амандман на Предлог – програмата во областа на образованието.
Во програмата за уредување на градежно земјиште се следниве амандмани:
Изработка на проектна документација за изградба на групен дом за сместување на возрасни лица со попреченост,
Реконструкција на одводниот канал во Негорци,
Реконструкцијата на Младинскиот дом,
Реконструкција на фудбалското игралиште.
Во програмата во областа на социјална заштита:
Ослободување од надоместок за градинка за деца чии родители имаат минимални месечни примања и родители корисници на гарантирана минимална помош.
Во програмата во областа на образованието:
Бесплатен училишен оброк за сите ученици.
Овие поднесени иницијативи произлегоа од барањата и потребите на нашите сограѓани, истите се реално остварливи и издржани, при што се надеваме дека ќе добијат поддршка и ќе бидат дел од Буџетот за 2025 година.”
-Извор: Левица

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
По пријава на неговата 21 годишна ќерка уапсен 49 годишен жител на Свети Николе