БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица предлага законски измени за крај на партиските вработувања во здравството

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеничката група на Левица денеска поднесе предлог за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој бара да се стави крај на долгогодишната пракса на партиски вработувања и самоволие во изборот на кадар во здравствените установи. Според Левица, постојниот закон содржи правна недореченост која овозможува директорите на јавните здравствени установи, без осврт кон стручноста или резултатите од конкурсот, самостојно да одлучуваат кој кандидат ќе биде вработен.

„Со други зборови, ова значи дека при вработување на здравствени работници, вработувањата се вршат исклучиво според волјата на самиот директор на здравствената установа, наместо според принципите на стручност и меритократија,“ кажа пратеничката Јована Мојсоска од Левица на денешната прес-конференција, додавајќи дека вака поставениот систем сериозно го нарушува квалитетот на јавното здравство и придонесува кон иселување на најдобрите медицински кадри од земјава.

Во предлог-законот што Левица го поднесе, се предлага изменување на членот 161 од Законот, со што здравствените установи ќе бидат обврзани да го вработат кандидатот кој е најдобро рангиран на ранг-листата, согласно со утврдените критериуми на конкурсот. „Последен ваков пример каде прворангиран кандидат беше одбиен за работа, беше пред само еден месец во здравствен дом во Вевчани, каде најдобро рангираниот кандидат беше скандалозно одбиен, а вработени беа послабо квалификувани лица” – потсети Мојсоска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Поради ваквиот третман на државата кон здравствените работници, нашите најдобри лекари и медицински сестри денеска лечат во Германија и во другите европски држави. Во Македонија, пак, се испраќа јасна порака дека е поважна партиската книшка отколку стручноста и професионалноста,“ додаде Мојсоска.

„Иако во минатото сите предлог-закони на Левица инстантно беа одбиени од владеачкото мнозинство, без воопшто да дојдат на дневен ред, ние повторно апелираме пратениците од власта да ја надминат своjата партиска суета и да го поддржат ова предлог-законско решение. Затоа што сметаме дека јавното здравство не смее да биде тема на ситни политички калкулации во услови кога и во минатото се покажа дека колапсот на здравствениот систем и тоа како може да чини човечки животи” – апелираше и заклучи пратеничката од Левица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace