БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Таравари ги остави без лекови пациентите со карцином и дијабетес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поради недомаќинското и неодговорно функционирање на Министерството за здравство, повторно е доведено во прашање здравјето на дијабетичарите и онколошките пациенти. Во некои од инсулинските аптеки нема инсулин, а Клиниката за радиотерапија и онкологија повторно потфрлува во грижата за онколошките пациенти – потфрлување што значи директно загрозување на човечки животи.

И покрај бројните скандали што во изминативе години се случија на оваа клиника во Скопје, оваа здравствена установа повторно си поигрува со последната надеж во борбата за живот што ја водат болните од карцином во Република Македонија. Имено, има и ќе има недостаток на соодветна терапија за третман на болните, како и нејзино ненавремено обезбедување од страна на надлежните во клиниката. Во моментот го нема лекот „Palbociclib“. По озлогласениот скандал на клиниката, што пред две години одекна како експлозија во јавноста, надлежните во клиниката и понатаму несовесно си поигруваат со животите на тешко заболени пациенти кои последната надеж за лекување ја бараат токму таму.

Левица како политичка партија која се залага за засилување на капацитетите и достапноста на јавното здравство остро го осудува ова несовесно работење на надлежните. Ги повикуваме на одговорност, совесност, професионалност и посветеност министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Клиниката – Игор Стојковски. Недозволиво е ова поигрување со човечките животи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Здравствениот сектор на Левица континуирано укажува на потребата од основање на државна веледрогерија, со цел да се стави крај на уцените и несигурноста кои произлегуваат од приватните снабдувачи на лекови. Потсетуваме дека во 2023 година пратениците од Левица поднесоа и Предлог-закон за загарантирано право и целосно снабдување на пациентите со препарати за третман на дијабетес, но за жал истиот никогаш не дојде на дневен ред, а тогашната влада не го поддржа овој предлог.

Претставниците од Министерството за здравство, пред да излезат на прес конференции, каде се расфрлаат со флоскули дека се грижат за здравјето на секој граѓанин, нека прошетаат низ ходниците од јавното здравство за да ја увидат реалноста на терен. 
Време е да се стави крај на нееднаквиот пристап до јавното здравство, затоа што соодветни дијагностички процедури и пристапот кон правилно лекување, не смее да биде привилегија само на богатите и фамилиите на функционерите, туку пристапот до здравтсвените услуги треба да го има секој еден поединец од оваа држава.

-интегрален текст на соопштение на политичката партија Левица упатено до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот