БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена.

Наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа треба да биде причина за срам. Со години добиваме нови рокови, нови препораки и нови предупредувања, а проблемите остануваат исти. Денес зборуваме за 4.847 дивоградби во Охридскиот Регион, бројка која сама по себе покажува дека институциите со години ги пикаат работите под тепих и не ја вршат својата работа. Најдобар доказ за тоа е што од 2019 до 2024 година биле издадени 456 конечни и извршни решенија за уривање, а ниту едно не било спроведено.

Изјавата дека дивоградбите „треба да се рушат на законски начин“ доаѓа предоцна. Прашањето е зошто тие воопшто биле дозволени да се изградат? Каде беа институциите кога никнуваа илјадници нелегални објекти? Владеењето на правото не започнува со рушење, туку со спречување на беззаконието.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Левица алармира со години на оваа тема, на секоја седница, пред и по секој извештај. УНЕСКО повеќе од една деценија повторува идентични забелешки: отстранување на дивоградбите, запирање на неконтролираната урбанизација, заштита на крајбрежјето и доследно спроведување на законите. Наместо исполнување на препораките, државата со години се потпира на нови пролонгирања.

Охрид не смее да стане пример како се троши меѓународниот кредибилитет на една држава, а статусот на светско наследство не е вечен. Тој се заслужува со одговорно управување, кое очигледно го нема!

Ова се веројатно последните пет години, кои не ги добивме затоа што сме биле успешни во управувањето. Ако и оваа шанса биде потрошена на изјави, комисии и административни процедури, тогаш вината ќе мора да ја побараме во оние што со години дозволуваа Охрид да се претвора во симбол на институционална негрижа, наместо во пример за заштита на светското наследство.

Креирано од:


Пренеси го гласот