На 07.01.2026 во 20:20 часот на локален пат во с.Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта.
На 08.01.2026 во 01:42 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода В.Р.(19) од с.Саса, општина Македонска Каменица. При сообраќајна контрола на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта.
На 08.01.2026 во 02:11 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Д.(49) од Пробиштип. При сообраќајна контрола на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип е сопрено патничко возило „фолксваген тигуан“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта.
На 08.01.2026 во 00:31 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишија од слобода 31-годишната П.К. од Богданци. При сообраќајна контрола на крстосница на бул.„Гевгелија“ со ул.Индустриска“ во Гевгелија е сопрено патничко возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието