Во текот на денешниот ден Виница беше погодена од големо невреме со обилни врнежи на дожд кои што предизвикаа големи проблеми на сообраќајниците низ општината но и имотите и домовите на виничани.
Локалните институции пред се Градоначалникот, ЦУК, ТППЕ и локалното претпријатие “Солидарност” со целосен капацитет се вклучија во справувањето со штетите од невремето и помош за погодените жители и функционални објекти и сообраќајници.
“Денес Виница беше погодена од невреме и обилни врнежи од дожд кој наврна 55 литри на метар квадратен.
Веднаш после невремето на терен излегоа екипи на ЈП Солидарност и Територијалната противпожарна единица Виница, а на помош беа повикани и интервенираа и ТППЕ Кочани и Доброволното противпожарно друштво Кочани.
Само 25 повици и интервенции имаше ТППЕ Виница, поплавени се индивидуални објекти, индустриски објекти, а штети од невремето има и во ОУ “Гоце Делчев” и општинската зграда.
Сакам да искажам голема благодарност до сите погоре наведени кои беа на висина на задачата и до Дирекцијата за заштита и спасување која помогна со потопни пумпи и друга опрема.
Утре продолжуваме на терен со санирање на направените штети од невремето.”
-информираше градоначалникот Миле Петков доцна попладнево во врска со ефектите од невремето.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа