Овоштарите-производители на сина слива во Пијанечко-Малешевскиот регион крајно разочарани од игнорантскиот однос на надлежните кон оваа дејност во земјоделието за 24.08.2022 година најавуваат предупредувачки протест со својата механизација.
Во недостиг на организиран откуп а во пресрет на огромното количество на сини сливи кое што е присутно како род во овоштарниците на овие луѓе, незадоволството од ваквата состојба ќе се прелее на регионалниот пат Делчево-Берово, како предупредување до надлежните институции да посветат поголемо внимание за надминување на проблемите.
Протестот на производителите на слива од Делчево, Берово и Пехчево е закажан за среда со почеток во 11.00. часот а ќе трае до 13.00 часот на регионалниот пат Делчево-Пехчево-Берово на локација кај бензинската пумпа кај клучката со меѓународниот пат до бугарска граница. На протестот како поддршка се очекува да се придружат и земјоделци од останатите земјоделски дејности кои исто така кубурат со своето работење.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски