БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лукаревска во обид за релативизирање на поразот од 24 април: СДСМ е одговорна партија која не манипулира…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изјава пренесена преку партиските канали на социјалните мрежи на СДСМ Сања Лукаревска како носителка на кандидатската листа на пратеници во Третата изборна единица денеска во обид за охрабрување на партиското членство рече дека на 8 мај е важно да се обединат сите заедно за да продолжат и да работат и понатаму.

Таа во обид да ја релативизира состојбата и казната која што нивната политичка партија ја доживеа преку катастрофално лошата поддршка за нивниот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски на првиот круг на претседателските избори соопшти дека СДСМ е одговорна партија која не манипулира и не продава безперспективни илузии.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има слобода, има демократија и сигурна иднина, и токму тие граѓани се и наши најдобронамерни критичари, затоа што се демократи и затоа што имаат изградено граѓанска свест, за да биде подобро. Но во суштина тоа сме НИЕ, истите тие, што ја сакаме државата слободна, демократска, отворена, модерна, развиена. Исти вредности споделуваме, тие вредности секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно. Да не го потцениме моментот, сега е најважно. Важно е на 8 мај да покажеме дека сме обединети и дека заедно и подобро ќе продолжиме да работиме”, рече Сања Лукаревска, носителка во третата изборна единица.

СДСМ е одговорна партија. Ние не манипулираме, не продаваме бесперспективни илузии кои ја разградуваат државата од внатре, и и ја ослабуваат позицијата надвор. Тоа нема да го дозволиме и затоа ја бараме вашата поддршка на 8 мај, рече Лукаревска.

“Да не дозволиме она што го изградивме заедно, да се урне за само еден ден, да се вратиме назад – на поделбите на наши и ваши, на привилегирани и на казнети, на поттикнати внатрешни конфликти, а всушност сите изманипулирани, зашто тој концепт не нуди иднина. Се е јасно, се е веќе видено и чуено и тоа ни дава уште поголема верба дека сме на исправниот пат. И затоа не се откажуваме, веруваме во социјалдемократските вредности, веруваме во погресивните граѓани и веруваме дека на 8 мај можеме да продолжиме заедно”.

-рече Сања Лукаревска во видеото пренесено преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот