БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонија тешко боледува од криминален и коруптивен канцер кој е распространет до најситните пори

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на вчерашната годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во својот говор пред присутните во салата во Македонската опера и балет од корен ги идентификуваше малигните појави во македонското политичко поднебје.

Тој своето обраќање го започна со карактеризирање на суштината во основа на проблемите со кои се соочува Македонија:

Мора да бидеме свесни за реалноста и за проблемите кои го разјадуваат нашето општество. Замижувањето пред неправдите и беззаконието нема да помогне ниту да го одложи доаѓањето на решенијата. Молчењето ќе донесе уште поголема неправда и беззаконие. Македонија тешко боледува од криминален и коруптивен канцер кој е распространет до најситните пори. И тоа не е единствениот проблем. Власта веќе одамна ги загуби критериумите за нормалното и сега се наоѓаме во состојба на постојани напади на декаденција и изветопереност.

-порача Мицкоски и продолжи:

Таа метастаза на новата тешка општествена реалност се нарекува Заевизам кој прераснува во дијагноза на мачното и тешко време за македонскиот граѓанин чија карактеристика е постојаното губење, било да е слободата, идентитетот името или нешто друго бидејќи човекот не се изборил за тоа, тоа го наследил  и лесно му е да тргува со тоа . Се работи за почита, достоинството, чесноста , сигурноста, работата, најмилите кои копнеат да отидат надвор од државата час поскоро.

Таквиот процес  прераснува во една еднолична ментална матрица на луѓето од власта, кои продуцираат страв и  секојдневни лаги. Нормално стана да исчезнуваат луѓе катадневно, да има престрелки, животот да е на коцка и зависен од милоста на оние кои сакаат да управуваат со нашите судбини. Да имаме криминал, наместени тендери, предавства, беззаконие и неказнивост, тепања, прогон, беспарица и задолжувања.

Најскапото станува најевтино, животот за жал  загуби вредност, а несреденото здравство само го зема човечкиот данок. И на ваквиот Заевизам изворот не е само Зоран Заев, тој е највисоко во ваквото девастирано општество, но во таквата пирамида подеднакво се десетиците функционери од власта кои се исти како него. Ги делат истите невредности, ги легитимираат истите непринципи. Таквиот процес  донесе неправда и рушење на правната држава.

Во земјата не владеат законите, во Македонија нема повеќе владеење на правото, а судството и обвинителството одамна не се механизмите кои што  ќе ја заштитат правдата. Случаите со тепањето на Миле и Спиро во затворот не е само податок кој докажува дека се прекршени процедурите и правилата во затворот, туку пред се тоа е последица на урнисаниот систем, неморал и доказ за невиден организиран прогон кој продолжува и во пресрет на претседателските избори. Дури и во еден ваков толку јасен случај на неправда оставката на оној затворски управник која треба да послужи за алиби ќе почекаДоставил господинот список  на потписи во знак на  негова поддршка до деспотот .  Се кршат процедури во Собранието, се носат закони кои може да донесат само бизнис интерес за поединци, а ненадлежното СЈО ќе отвори онолку нови случаи колку ќе сметаат дека се доволни за да може да се пазари со цел да си го продолжи мандатот, зошто за нив привилегиите се далеку поважни од правото и правдината  која треба да се постигне. За пусти пари се работело и за ништо друго.

Креирано од:


Пренеси го гласот