Беровчани покажаа голем интерес да ги слушнат размислувањата и ставовите за промената на уставното име, за Законот за употреба на јазиците, за владеењето на правото и правдата, но и за иднината на државата, а посебно на младите, од страна на идниот Претседател на Република Македонија, професор Гордана Силјановска Давкова.
Една од главните пораки кои ги упати професор Силјановска, е дека се обединуваме за да го сопреме овој корумпиран систем, да воспоставиме владеење на правото, да извојуваме правда за Македонија и да ја послушаме волјата на народот.
Нејзината човечност, честитост, искреност и големиот интелект, се одличја кои покажуваат дека таа е новата надеж за Македонија, за народот, за државата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”