Конечно и кај нас, во Република Македонија, стигна радосна и добра вест. Што значи, е в а н г е л с к а вест. Германската влада ѝ дарила (стручно и експертски речено: донирала) дури 351 пар чевли на македонската полиција. Сега, со сигурност, може да зачекориме во надоаѓачката и заслепувачка светла иднина. Башка, покрај обувките, биле донирани и полициски возила. За болничички/медицински возила, како и за болничка/медицинска помош, може да се почека. Таа помош и не е толку ургентна.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!