БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонска Каменица-Видео

Пренеси го гласот

Македонска Каменица — град во источниот дел на Република Македонија. Се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини на нивната јужна падина. Познат е како рударски град. Најпознатиот македонски рудник за олово и цинк Саса е во неговата непосредна близина. Како град е прогласена во 2004 г. Седиште е на истоимената општина, која зафаќа површина од 19.037 ха, има 9 населени места со вкупно 8.110 жители. Според пописот од 2002 година, градот има 5.147 жители.Името Каменица потекнува од име на река, неговото занчење е „вода што тече во каменесто корито“. Во минатото името на селото е документирано во еден запис од 1566 година, како Камена Река, од која потекнува и првиот познат македонски печатар Јаков, кој во 1566 г. печати свои книги во Венеција.

За прв пат Каменица се спомнува во турските записи, како село во 1570-1573. Градот е основан пред 1950 година, којшто во почетокот бил само населба за рударите, који работеле во рудникот Саса. Во времето кога подрачјето било под српска власт, обновено е рударењето во старите римски рудници. Подрачјето го населиле рударски племиња Саси, кои се доселиле од Унгарија и Германија. Името на рудникот Саса е добиено по нив.

Во XIV век, подрачјето влегува во состав на кнежеството на Константин Дејановиќ, по неговата смрт потпаѓа под турска власт. Во втората половина на XVI век се јавува ајдуштвото како форма на отпор, поради поволниот планински регион. Од подрачјето на Македонска Каменица позната е четата на војводата дедо Иљо Малешевски и Румена Војвода.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот