БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Малиот Семин е првото новороденче во 2025 г. во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска Градоначалникот на општина Виница Миле Петков со пригоден подарок го посети семејството на малиот Семин кој што е првото новороденче во 2025 година во Виница.

“Ми претставува посебно задоволство што денеска го посетивме домот на првото новородено дете во Виница за 2025 г. На првиот жител во 2025 година , малиот Семин, испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството Салиови, но и на општината.

Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да им посакам многу љубов и дечињата да им го развеселуваат домот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Семин Салиов е роден на 01.01.2025 година, на Акушерското одделение во Општата болница Кочани во 10 часот и 45 минути, и трето дете во семејството Салиови.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Петков во врска со овој настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот