Дека во СДСМ одамна се “потонати” сите нормални “бродови” говори и денешната објава на Премиерот Христијан Мицкоски кој што преку социјалните мрежи ја објави пресудата на Апелациониот суд во Скопје со која се покажува политичката безидејност во оваа партија.
Со пресуда на Апелациониот суд Скопје се потврдува пресудата на Основниот суд во Скопје со која СДСМ се осудена страна дека го клеветеле Христијан Мицкоски тогаш како лидер на опозицијата.
“И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија.
По којзнае кој пат, откако сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници.
Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат.
Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги “испере”.”
-напиша в врска со оваа состојба Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи покрај објавена пресуда од судот:




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!