БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Малолетник загина во тракторска несреќа во с. Саса. Македонска Каменица прогласи 3 дневна жалост

Пренеси го гласот

“На 26.08.2022 во 15.30 часот било пријавено дека на локален пат во с.Саса, Македонска Каменица, С.Ѓ. (58) од Македонска Каменица изгубил контрола врз трактор “имт“ со приколка што го управувал и излетал во река. При тоа Д.А: (52), кој се превезувал на тракторот скокнал од него и останал неповреден, но малолетно лице кое исто така се превезувало на тракторот, паднало и било прегазено од тракторот, по што починало. И возачот на тракторот се здобил со повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.”

-информираат од МВР.

Поради ваквата трагедија во јавноста се обрати и градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски, кој прогласи три дневна жалост во општината и ги откажа сите најавени музичко-спорски настани во општината предвидени во рамки на тридневната манифестација по повод Денот на рударите и ден на градот Македонска Каменица.

“Почитувани сограѓани

Дозволете во свое лично име и во име на општина Македонска Каменица да изразам искрено и длабоко сочувство до семејството Стојковски кое денес загубија дете, брат, внуче. Денес целиот град сочувствува со нивната болка и загуба за прерано згаснатиот живот.

Со оглед на огромната загуба за целиот град, Ве известувам дека манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ која беше закажана за период од 26ти до 28ми Август, се откажува во целост, и општина Македонска Каменица прогласува тридневна жалост.”

-соопшти Димчо Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица

Креирано од:


Пренеси го гласот