БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот за земјоделие денеска вршеше увид на изградба на улица во Крива Паланка, додека во Делчево протестираа сливарите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски беше во Крива Паланка при што изврши увид на градежните работи за изградба на улица во населбата Мизовски Ливади.

“🏗Развојот на локалната инфраструктура е врвен приоритет кој е предуслов за развојот на еден град. Денес реализираме уште еден од проектите финансирани преку ТАВ програмата. Улицата во населбата Мизовски Ливади во општина Крива Паланка во вредност од околу 16 милиони денари е ветување кое на мое огромно задоволство денес го реализираме.

✊Зборот е збор! Чекориме одлучно кон исполнување на визијата за развиена и современа Крива Паланка.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Какви се ингеренциите на Министерот за земјоделие Николовски во асфалтирањето на една улица надвор од остварување на политичка корист за неговата партија која е на власт, останува самиот тој да соопшти во јавност. Во исто време во Делчево додека Николовски се обидуваше да собере некој политички поен во Крива Паланка во Делчево се одвиваше протест на производителите на слива кои што се пред огромни проблеми со пласманот на овогодинешниот богат род на сливата, за чии што проблеми министерот е најповикан да ги решава.

Иако пред неколку денови на предупредувачкиот протест земјоделците-овоштари го повикаа министерот и останатите надлежни да ги сослушаат нивните барања и заеднички да се обидат да најдат решение, протестите на овоштарите во делчевско продолжуваат и понатаму.

Креирано од:


Пренеси го гласот