Меѓународен октомврски коњички турнир, Мини лига и Куп на Република Македонија ќе се одржи викендов на скокалиштето на хиподромот во Маџари, во организација на Федерација за коњички спорт на Република Македонија.
Дводневниот „Меѓународен октомврски коњички турнир“ е според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Република Македонија, а во заедничка организација на клубовите за коњички спорт „Илинден“ и „Процес“.
На турнирот, како што е најавено, ќе учествуваат екипи од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија. На програмата се вкупно шест натпревари во прескокнување на пречки со височина на пречките од 0,95 метри до 1,25 метри

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи