СДСМ и Благоj Бочварски продолжуваат со бескруполозната црна кампања против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип, Илчо Захариев во пресрет на вториот круг од локалните избори.
Подмолната црна кампања на СДСМ во Штип продолжи со делење запалки со името на Илчо Захариев, на кои е заокружен со гласачкиот број на СДСМ.
Дека станува збор за човек на владејачката гарнитура покажуваат и фотографиите кои ги објавија дел од медиумите. На нив се гледа како Али седи со лидерот на партијата Зоран Заев, но и со кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ, Благој Бочварски.
Штипјани се згрозени. Во изјава за локалната телевизија „Стар“ велат очигледно е дека станува збор за партиски активисти, но нечовечки е некој да се служи со такви морбидни активности.
За градоначалникот Захариев, ова е уште една од низата закани кои членови и симпатизери на СДСМ ги упатиле до него. Тој вели дека партијата продолжува со негативната кампања, а чинот го оцени како врв на нечовечноста.
Извор: Курир
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дали управител на ЕСМ Туризам истовремено извршува функција на синдикален лидер?
Клопчето почна да се размотува: Над 60 фирми испумпале 3,2 милиони евра од ФИТР со проблематични проекти. Следуваат кривични!
Собранието носи Национална развојна стратегија која ќе биде патоказ за сите наредни влади