БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тече рокот за жалби од партиите до Управниот суд

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од синоќа тече рокот од 24 часа за тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Партиите можat да поднесат тужби до Управниот суд против одлуките на Државната изборна комисија во рок од 24 часа од приемот на решението на ДИК, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.

ДИК ги одби сите поднесени приговори за гласањето во првиот круг на 15 октомври. До Комисијата беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 беа од ВМРО-ДПМНЕ. Пред почетокот на седницата беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од локалните избори на 29 октомври, а одредени општински изборни комисии веќе им ги врачија решенијата на изгласаните кандидати за градоначачници.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace