БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Меколи Калкин се појави за првпат во јавноста со неговите два сина

Пренеси го гласот

Ѕвездата од филмовите “Сам Дома” за првпат се појави во јавноста со својата сопруга Бренда како и со двата синови за време на манифестацијата при откривањето на неговата ѕвезда на холивудскиот булевар на славните.

Меколи Калкин кој што е на возраст од 42 години присуствуваше на гламурозната церемонија во негова чест заедно со сопругата Бренда Сунг која е на 34 годишна возраст како и неговите двајца синови од кои едниот се роди оваа година а синот Дакота има 2 години возраст.

Тој во рамки на церемонијата се заблагодари на поддршката на неговата сопруга која за него е се на светот.

Меколи Калкин и неговата соопруга се запознале на сетот за филмот Changeland пк што биле забележани на романтична вечера во ресторан во Лос Анџелес во 2017 година. Првиот син Дакота им се родил во 2021 година по што во 2022 година стапиле во брак.

На церемонијата најпрво му честиташе неговата филмска мајка актерката Кетрин ОќХара од првото и второто продолжение на мегапопуларните филмови “Сам дома”.

Креирано од:


Пренеси го гласот