БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мендух Тачи: Ова што се случува е театар, следната влада ќе биде на чело со Зоран Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи во јавноста излезе со свој коментар во врска со објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека заедно со пратениците од Алијанса за Албанците/Алтернатива, БЕСА и Левица формирал ново парламентарно мнозинство.

“Ова е уште еден голем театар на тие што реално немаат моќ да ги предводат политичките процеси во државава. Вчерашните актери што ги видовме на фотографијата со Мицкоски само му ги местат коцките на Заев. Можеби несвесно, но му прават платформа за негов камбек. Следната влада ќе биде на чело со Заев, “

-соопшти Мендух Тачи за „Слободен печат“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој напомена дека не познава друг човек во СДСМ со поголеми капацитети од Заев

Според Тачи, албанските лидери кои вчера се сликаа на оваа фотографија скапо ќе ги чини тоа кај Албанците.

“ВМРО-ДПМНЕ е десничарска партија која не го признава и почитува ниту Охридскиот, ниту Преспанскиот договор, а во новата политичка констелација на Балканот ниту Косово, ниту пак заложбите на државава за членство во ЕУ. Алтернатива сака само да ги зајакне своите преговарачки капацитети во Владата на Заев, а Беса сака само да ги зачува своите места во Владата, па од една страна преговара со ВМРО-ДПМНЕ, а му испраќа сигнали на СДСМ за да си ги зголемат нивните идни преговарачки позиции во Владата на Заев,”

-резонира Мендух Тачи чија што партија доколку се реализира планот за пад на владата на Зоран Заев, ќе остане на маргините на политичкиот живот во Македонија, имајки ги во предвид подемот и силата на Алијанса на Албанците, Алтернатива и БЕСА.. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace