Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Штип Иван Јорданов во изминатите неколку денови е со интензивни посети на населените места низ Штип на голем број средби со штипјани.
Ваквата политичка определба не само на кандидатот за градоначалник на Штип е карактеристична за сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ кои што својот легитимитет и политички кредибилитет го црпат директно од граѓаните во нивните меѓусебни директни средби.
Во врска со ваквите свои теренски активности Иван Јорданов упати порака преку социјалните мрежи која што е особено инспиративна и истата ја пренесуваме во продолжение:
“На секоја педа од нашиот град, на секоја улица се гледа и чувствува огромно незадоволство од лицата на граѓаните, но во исто време очајно се бара промена на ова исклучително лошо менаџирање на нашата општина. На повидок се нови идеи, со визија за современ развој на градот!”
-Напиша Иван Јорданов- кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Штип на претстојните Локални избори во октомври.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево