Под индустрискиот руски град Екатеринбург се крие вистинска природна ретка убавина која што настанала со влијанието на човекот и природата. Станува збор за подземни тунели кои се дел од некогашниот рудник за сол на длабочина од 200 метри од површината на земјата кој што бил користен за експлоатација во минатото. Овие навистина ретки слики се јавиле како резултат на наслагите од минералот карнелит кој што се користи во производството на вештачки ѓубрива, кој што ја одредува бојата на ѕидовите од самиот рудник. Овие слики го задржуваат здивот на секој посетител на ова место чија што пристапност е ограничена и влегувањето во овие тунели е можно само со специјална дозвола од властите. Карнелитот се карактеризира со својата флуоресцентност и својата содржина на калиум, така што најчесто се користи за ѓубриво на растенијата.

Овие наслаги датираат од пред 280 милиони години кога цела водена област била исушена, оставајки зад себе солени наслаги и наслаги од повеќе минерали. На оваа локација постоело голема морска површина која што со тектонските промени била исушена во т.н. Пермиски период.
Со промените на геолошката историја, оваа локација била заборавена се до периодот кога луѓето во оваа област започнале со експлоатација на сол (почнувајки од вториот милениум пред нашата ера).
Во денешно време оваа ретка природна убавина многу ретко може да се види поради безбедносни закани за градот над оваа локација.










СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените