“Директорот на ЈП Исар и покрај неговата законска обврска да го пријави имотот со кој располага, сепак, не го направил тоа. Нема поднесено анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупцијата, што е казниво со закон.
Односно, човекот кој поседува луксузни возила и недвижен имот, не само што не ја известил Државната комисија, туку и доколку направи промена на имотот, истата нема да има увид во тоа…
Меѓутоа, главните прашања кои ја интересираат јавноста и на кои треба да одговори Магистерот Здравко Коцев се:
Како од државна плата се стекнува таков имот и луксузни возила?
Дали е вистина дека Коцев, имотот го стекнал преку црни бизниси?
На чие име се води имотот и возилата со кои располага Коцев?
Јавноста треба да знае од каде толку пари на директорот на најбогатото јавно претпријатие во истокот! “
-интегрален текст на прес конференцијата на Душко Иванов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи