-„Полетај“ е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сѐ започна кога на музичкиот фестивал во Италија кој ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Откога авторот ми дозволи да ја препеам на македонски започна редењето на коцките. Ова што го направивме заедно со целиот тим е само доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно. Едноставно нештата се редеа сами, беа само дел од зборовите на Мијата раскажувајќи ни детали од тоа како се создаваше нејзината нова песна.
„Полетај” е музичко дело на Ханс Греис, текстот е на Мијата, а аранжманот го направи Дамир Пух чие дело се и специфичните гитарски делници.
Во видео записот како дел од бендот учествуваат Иво Митковски на тапани, Кире Мирчовски на гитара и Ване Ѓорговски на бас.
Мелем продукција и Огнен Шапковски создадоа видео запис во кој извонредно е раскажана една приказна за апокалипсата и спасот од неа.
„Можеш да шириш крилја, не чекај, полетај”, ни испеа Мијата во својата нова песна. Има надеж, секогаш има надеж за подобро утре, за надминување на проблемите, за живот со полни гради, за добра музика, каква што е новата рок песна на Мијата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Дома“ прва песна од новиот проект на Бојана Скендеровски – КРУНА НА 23-ГОДИШНАТА КАРИЕРА!
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam