Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска беше поканет како гостин на конститутивната седница на новиот парламентарен состав, по седницата имаше свое обраќање кон јавноста.
Тој го коментираше изборниот процес со сите негови проблематични делови, особено масовниот поткуп пред избори, економските состојби кои ги предизвика работењето на техничката влада на Оливер Спасовски со масивното задолжување на државата како и погубните состојби со пандемијата во државата од Ковит 19.
“После 30 години бевме сведоци на најкорупмираните и најнедемократските избори кои што некогаш се организирани во суверена и независна македонска држава. Овие избори кои што завршија 15 јули уште еднашка покажаа и докажаа дека ова влада предводена од ова раководство на СДСМ на чело со Зоран Заев ниту знае ниту пак има намера да организира фер и демократски парламентарни избори. Ова се избори каде што граѓаните од свој џеб ќе платат еднакво 1 милијарда евра. Толку чинеше поткупот кој што го спроведе Владата предводена од СДСМ во случајов техничкиот претседател на Владата тоа е господинот Оливер Спасовски,”
– истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потенцираше:
“Точно една милијарда евра ќе ги чини граѓаните поткупот кој што го спроведе оваа Влада и ќе ве потсетам овие 1 милијарда евра беа средства кои што државата, Владата ги позајми со двојна цел. Првата цел беше справување со корона вирусот и втората цел беше справување со економската криза која што тогаш беше на повидок. И за да тоа се случи од страна на претседателот на државата господинот Стево Пендаровски беше прогласена вонредна состојба, но што добивме? Добивме нов долг од 1 милијарда евра за само едно тромесечје, секое македонско семејство е задолжено за 2 илјади евра, а на сметка на тоа кога ќе се спореди денес ситуацијата со корона вирусот и она пред воведувањето на вонредната состојба ќе се согласите сите, но и ќе се согласи македонската јавност дека работите ни одат го погрешна правец односно таа е многу полоша отколку пред воведувањето на вонредната состојба.”
Во продолжение погледнете ја во целост неговата прес конференција од Македонскиот парламент: