Во одговор на новинарско прашање поврзано со најавеното утрешно отварање на клуб на бугарскиот цар Борис III во Охрид, денеска од Бутел каде што присуствуваше на започнување на изградбата на нова детска градинка, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го осуди ваквиот чин и ги повика сите граѓани да се спротивстават преку правото на мирен протест.
“Во Охрид треба да се протестира, но тоа да биде демократски израз на волјата на граѓаните, а не насилен протест, зашто во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ. Го поддржуваме протестот и повикуваме да се излезе и да се протестира на мирен начин. Битно е да не се оттргне вниманието од кризата и инфлацијата“,
-соопшти Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање од настанот во скопската општина Бутел.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена