Премиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски денеска имаше свое обраќање пред присутните гости на конференцијата на Асоцијацијата на новински агенции од балканот и југоисточна Европа. Мицкоски пред присутните медиумски работници порача дека нивната работа не е само пренесување на вести, туку создавање на јавна меморија, градење доверба и одржување на демократијата жива.
“Денес, повеќе од кога било, медиумите се столб на демократските општества. Во услови на глобална поврзаност, тие не само што информираат, туку и инспирираат, обединуваат и создаваат клима за просперитет.
Во време на економски и социјални предизвици, кога граѓаните бараат сигурност и надеж, медиумите се тие што можат да пренесат визија, да објаснат реформи и да ја поттикнат јавната дебата.
Нашата земја цврсто стои на ставот дека нема демократско општество без слободни медиуми. Слободата на говор е темелна вредност и ние сме решени да ја унапредуваме и да гарантираме простор каде што секој новинар може слободно да праша, да истражува и да објави.
Нашата Влада е цврсто определена да биде партнер на медиумите. Работиме на постојано унапредување на правната рамка за независност на медиумите, вложуваме во дигитализација на јавните услуги за поголема транспарентност и отчетност, поддржуваме програми за новинарска етика и професионализација и го поттикнуваме регионалниот дијалог за слобода на медиумите преку заеднички конференции и иницијативи.
Нека оваа конференција биде уште една порака дека нашите општества избираат пат на дијалог, соработка и вистина. И затоа, вие не сте само сведоци – вие сте градители на иднината,”
-рече денеска Премиерот Мицкоски од Конференцијата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово