БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски најави интересна можност за воведување на кривична одговорност за неисполнување на предизборни ветувања од партиите

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното интервју во емисијата “Отворено” на АЛФА ТВ, за првпат во историјата на Македонскиот плурализам најави нова и особено интересна можност која би се процесуирала во законска рамка во иднина.

Имено тој во продолжение на прашањето на водителката на емисијата кое се однесуваше на амнестијата за дел од обвинетите од 27-ми април и т.н. процес за помирување кој што Зоран Заев го спроведе селективно и наменски во функција на остварување на неговите политики, одговори:

…Потешкиот дел доаѓа откако ќе ја добиеме довербата од граѓаните. И затоа сум подготвен на воведување, ако треба и на прекршочно дело или кривично, или како сакате да разговараме- изборна измама.

Зошто го велам ова?

Затоа што не можете вие се и сешто да ветувате за време на предизборната кампања и кога ќе ја добиете довербата од граѓаните да бегата како ѓавол од темјан за тоа. Во правниот систем во Република Македонија постои измама-кога еден субјект ќе измами друг субјект. Се отпочнува процес пред суд и тогаш тоа се вика измама.

Зошто да не се воведе изборна измама?

-јавно запраша Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, афирмирајќи за прват можеби една и тоа како потребна алатка за подобрување на демократијата во државата.

За оваа интересна (би рекле револуционерна) идеја на Христијан Мицкоски слушнете во 27-та минута од интервјуто на АЛФА ТВ.

Креирано од:


Пренеси го гласот