Премиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски денеска се обрати пред присутните надлежни институции и управни органи кои што се надлежни за реформите во администрацијата и јавниот сектор од каде што упати повеќе политички пораки.
“Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници.
Претходната влада ја остави администрацијата демотивирана, со нарушена доверба, со луѓе кои се чувствуваа оставени на цедило. Чекавме со години за нормални системи за обука, а резултатите беа стагнација и загубени генерации на службеници кои немаа пристап до современи знаења.
Тоа време заврши. Денес јавно кажуваме: јавната администрација нема повеќе да биде партиски плен. Ќе биде професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните.
Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди. Овие обуки се доказ дека не чекаме да ни биде кажано што да правиме. Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома – преку современ јавен сектор.
Заедно ќе создадеме јавен сектор кој нема да биде само апарат на државата, туку двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на Македонија,”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со оваа средба.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесена кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
СДС се тие кои членската книшка ја изедначуваа со лична карта, а за вработување ги повикуваа граѓаните прво да се јават во општинските организации
Костова: Фемицидот е пораз на институциите – бараме кривична одговорност за сите што не постапиле