Во текот на денешниот ден по пвод празникот Св. Трифун претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Кавадарци и кавадарчани.
Тој во изјава за медиумите уште еднаш во духот на празникот повика на заедништво и обединување во интерес на заедничкото добро на сите граѓани во државата.
“Денеска во Кавадарци на наша огромна чест и задоволство градоначалникот на Кавадарци, господинот Митко Јанчев направи навистина еден убав настан кој што го одбележавме заедно со кавадарчани, со луѓето од Тиквешијата, но и со гостите кои што денеска се присутни овдека во Кавадарци.
Направивме закројување на лозјето, кое што симболички го направивме, цениме дека на овој начин ќе упатиме порака на обединување, на заедништво. Но и истовремено ќе упатиме порака дека трудот на земјоделците, трудот на лозарите треба да се цени, да не се случува како што тоа беше на пати во минатото да трудот на лозарите не биде платен од страна на откупувачите, но и од страна на државата достоинствено онака како што тие луѓе заслужуваат. Бидејќи навистина маката и потта која што ја оставаат за да можат да произведат и едно зрно грозје е навистина голема, а со тоа да ги прехранат своите семејства во овие тешки услови на функционирање и на живеење.
Тој додава дека е навистина задоволен што ја имал можноста еве денеска да биде тука меѓу граѓаните и заедно со граѓаните да го одбележи овој голем ден за Тиквешијата и за лозаропроизводителите.
Така што уште еднашка сакам да им го честитам и да им посакам добар род, но и навистина достоинствени откупни цени.”
-соопшти Христијан Мицкоски од Кавадарци.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје