БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Посакуваат апатија, посакуваат да не се зборува за вистината, и затоа денес едно зборуваат, утре сосема друго

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со своја реакција ги разобличи намерите на СДСМ и Зоран Заев да го пасивизираат населението и да го направат незаинтересирано за политика, во очи на опретстојните предвремени парламентарни избори, кога ќе се одлучува за инднината на државата во кој правец ќе се движи.

Тој константните лаги и промена на мислења и ставои од страна на Зоран Заев ги квалификува како обид за да се уништи енергијата на луѓето и да се створи перцепција во јавноста дека политичарите лажат, при што не е важно граѓаните воопшто да гласаат на избори.

Притоа се прават обиди вниманието на јавноста да се сврти кон нерелевантни теми а вистинските проблеми во секојдневието на граѓаните се ставаат под тепух и се прават обиди да се заборават од надлежните власти.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Христијан Мицкоски упатена во јавност преку социјалните мрежи:

Посакуваат апатија, посакуваат да мислите дека сите се исти, посакуваат сите да ги измачкаат со сопствената кал. А, на граѓаните им е преку глава од секојдневните партиски препукувања, превирања без резултат. Тие сакаат да не се зборува за вистината, и затоа денес едно зборуваат, утре сосема друго. Обновата е неопходна, затоа што резултатите се неопходни. Образованието и културата се области кои мора да го имаат должното внимание. Образованието е темелот на секој општествен развој, а културата е она по што се препознава една земја. Токму затоа ние се обврзуваме на работа и обнова која ќе донесе повеќе резултати.

Се обврзуваме на:

✅Изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта
✅Поголеми примања за Универзитескиот кадар (до 100 000 денари плата за редовни професори, до 80.000 денари плата за вонредни професори, 60.000 денари плата за доценти, до 45 илјади плата за асистенти на факултети)
✅Поголеми плати за наставниот кадар во основното и средното образование. Плата до 36.700 денари согласно Колективниот договор
✅Повеќе пари во образованието. Зголемување на инвестициите од 3,7% на 5% од БДП
✅Делегиран буџет за културните установи
✅Стимулирање на инвестициите на приватниот бизнис во културата
✅Изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје
✅Намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата
✅Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитеско обележје

И многу други проекти.
#ОбноватаДоаѓа 🇲🇰

Креирано од:


Пренеси го гласот