Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во централниот штаб на партијата оствари средба со коалиционите партнери во коалицијаата “Обнова за Македонија”. На средбата Мицкоски ги информирал претседателите на партиите во оваа коалиција за активностите околу креирањето на новото мнозинство во парламентот.
“Денес остварив средба со претставниците на партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“. На средбата ги информирав за новата реалност и новото мнозинство во собранието, кое значи пад на владата на СДСМ – ДУИ.Ја добив поддршката од Коалицијата за натамошните чекори во промена на власта.”
-напиша Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи во врска со средбата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ