БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски со своја панел дискусија на Минхенската безбедносна конференција пред кремот на евро-атланските безбедносни авторитети

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со свој тим на министри од областа на безбедноста и надворешните односи веќе втор ден е во интензивна агенда на Минхенската безбедносна конференција каде што се афирмираат актуелните светски и европски трендови и политики на полето на безбедноста.

Попладнево Премиерот Мицкоски имаше своја панел дискусија пред поширок аудиториум каде што ги афирмираше Македонските национални интереси на меѓународен план на најсоодветен начин рамо до рамо со високи безбедносни авторитети од цела Европа и САД.

“На Минхенската безбедносна конференција зборував за предизвиците со кои се соочува НАТО, за двојните стандарди во политиката и за енергетските можности на Македонија. Нашата држава го промени своето име за да стане членка на НАТО, а сега повторно се соочуваме со барања за нови отстапки за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Ова ли се европските вредности?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ги слушнав гласините за мешање во внатрешните работи, но кога го менувавме знамето, валутата и уставното име, зошто тогаш никој не реагираше? Денес сме сведоци на „балканизација на Европа“, наместо „европеизација на Балканот“. Ако сите остро осудуваат негирање на украинскиот идентитет, зошто молчат кога се негира македонскиот јазик и идентитет?

Во однос на енергетиката, Македонија има стратешка улога преку Коридорите 8 и 10, кои се клучни за економијата и НАТО. Со правилен развој, можеме да ја претвориме нашата географска положба во огромна предност. Но, иднината на Македонија во ЕУ мора да биде праведна и извесна, без нови понижувања!”

-напиша Премиерот Мицкоски во врска со ова негово обраќање пред кремот на евро-атланската безбедносна политика.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace