БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски за напорите на владата за поквалитетен образовен процес: Во моментот се градат 7 нови училишта уште неколку се реконструираат

Пренеси го гласот

Македонскиот премиер на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на неговата изјава по повод настанот за пуштање во употреба на новиот тренинг центар на МВР, одговараше на повеќе новинарски прашања од интерес на јавноста, меѓу кои и за напортите на владата за подобрувањето на образовните услуги на државата за Македонските граѓани.

Премиерот Мицкоски соопшти дека во моментот се реализираат проекти за изградба на 7 нови училишта како и неколку други кои се реконструираат. Притоа ја најави намерата на владата да извршат реевалуација на изградбата на објектите на факултетите ГИНКИ и ФФК.:

„Апсолутно, образованието е наш главен фокус и наша главна цел, во моментот се градат седум училишта, уште неколку се реконструираат. Продолжуваме да инвестираме во образованието. Пред неколку дена имав состанок со министерката за образование. Ќе направиме реевалуација на проектите коишто се поврзани со изградба на зградите на двата факултета ФИНКИ и ФФК.

Очекувам оваа година да биде распишан тој тендер, очекувам да биде распишан тендерот за изградба на Кампусот „Мајка Тереза“, така што образованието е нешто коешто претставува за нас навистина една голема и значајна инвестиција.

И со задоволство можам да кажам пред овој настан добив информација од страна на пратеникот Александар Вељановски од Тетово дека општествено одговорна компанија ќе го донира реконструирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово и набргу таа донација ќе биде ставена на дневен ред на Советот во Општина Тетово. Така што уште една неправда од минатото ќе биде исправена.“

-рече во одговор на новинарско прашање Премиерот Мицкоски од денешниот настан во тренинг ценнтарот на МВР.

Целата изјава со одговорите на новинарските прашања на Премиерот Мицкоски може да ја погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот