На 12.03.2025 во периодот од 07.15 до 08.15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, со судска наредба, извршиле претрес во домот на И.А.(43) од Куманово, кој не бил во домот. При претресот биле пронајдени прашкаста материја, жолта густа материја, игли и таблети, а по И.А. била распишана потерница за негово пронаоѓање. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Упад на полицијата во дом на кумановец каде биле пронајдени прашкаста материја, жолта густа материја, игли и таблети


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните