Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше свое интерву за Радио Слободна Европа.
Притоа во врска со прашањето доколку победи на Предвремените Парламентарни избори на 12-ти Април 2020 година дали ќе биде премиер на Република (терминот на с) Македонија тој истакна:
Ние реалноста во Македонија не можеме да ја игнорираме, но ќе се бориме да ја промениме
Во продолжение на интервјуто тој дообјасни:
Никој мене не може да ми оспори, а тоа го видовте и при моето обраќање во меѓународната заедница да ми го забрани правото да кажам дека јас сум Христијан Мицкоски, од Македонија, Македонецот кој што говори на македонски јазик,
-нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека тоа право никој не може да му го оспори.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Малолетно девојче физичко нападнато во Кочани
Тошковски: Велигден да ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација
Претседателката и Премиерот од Македонскиот Ерусалим- вечниот Охрид ја дочекаа радосната вест за Воскресението Христово и вечниот живот