Денеска Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски, реагираше во јавноста во врска со секојдневните поплаки кои што се присутни во јавноста за жестоките притисоци врз вработените во општинската администрација во Лозово.
Потресни сведоштва за ваквите притисоци како и бркања од работа се достапни како на социјалните мрежи така и во тв медиумите.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Лозово:
Почитувани,
последните триесетина дена откако се постигна договор за одржување на предвремени парламентарни избори за 12 април 2020 година, се случуваат незапамтени во историјата на самостојна Македонија, незаконски партиски вработувања, притисоци, уцени и закани врз администрацијата како и општо непочитување на законите и законските обврски од страна на Локалните шерифи од СДС!
Имено, Градоначалникот на Општина Лозово- Ацо Велковски, се однесува како општината да е негова своина па од тука си мисли дека му е дозволено да прави се што ке посака во истата.
Поголемиот дел од вработените во Општина Лозово, се жалат на жестоките притисоци и сведочат дека секојдневно се повикуваат по канцеларии и наместо да си ги обавуваат своите редовни работни обврски мораат да трпат психичка тортура бидејќи веќе од наредниот ден може да се соочат со казни, деградација, па и отказ, со што им се дава на знаење дека нивната егзистенција главно зависи од нечија политичка милост, а не од квалитетот на нивната работа. Со ваквите дејствија, Велковски и неговите партиски војници, директно го кршат Законот за заштита од вознемирување на работно место и вршат психичко вознемирување на вработените во Локалната самоуправа. Со таквите постапки, овие локални шерифи директно го повредуват достоинството, честа и угледот на вработените, како и нивните основни човекови права и слободи, гарантирани со Устав и закон со што Систематски се предизвикува чувство на страв, непријатност и понизност.
Овие партиско-политички притисоци и дискриминација врз основа на политичка афилијација што континуирано се преземаат од страна на власта во Лозово врз вработените од државната и јавната администрација, техничкиот персонал, како и врз одредени ранливи категории на наши сограѓани, мораат веднаш да престанат!!
Полека но сигурно со СДС на власт, за жал стануваме држава каде наместо демократија, се владее со страв и кршење на основните човекови права,спротивно на основните европски и универзални вредности. Ова е демократијата и демократските принципи за кои се залагаат Велковски и неговите први соработници!! Принципи со кои што однародената власт се обидува да го умртви секое поинакво размислување и да забрани секакво политичко делување а воедно и да се испрати порака на заплашување дека секој ке се најде на листата на отстрел доколку не се согласува или се спротивставува на антидржавните политики на Заев и СДС.. Вакво нешто не се случувало, ниту се случува во Европа кон која се стремиме.
Јас како претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово искрено жалам што голем дел од нашите сограѓани во изминатиот период беа изложени на досега невидени притисоци, заплашувања и манипулации од страна на Локалните Челници и што не беа во состојба да најдат и да покажат одважност и храброст да се спротивстват на таквиот недемократски пристап од страна на истите… Но истовремено ги охрабрувам да се водат по примерот на одредени поединци а правата и правдата да ги побараат пред надлежните институции.
Од тука ке го повикам Јавното обвинителство и Народниот правобранител да постапат по допрен глас и согласно своите овластувања. Истовремено на Велковски ќе му порачам дека потценувањето на сопствениот народ секогаш има крај и завршува неславно и погубно за тој што го спроведува, посебно кога се случува со период пред избори. Народот таквото однесување ќе го сфати, ќе го осуди и ќе го казни.
Граѓаните на Лозово и на цела Македонија, независно од нивната политичка, верска или етничка припадност, во наредниот период ќе ги сфатат реалните состојби и ке се приклучат кон Политичката борба, затоа што е време за промени, за нов почеток и за обнова каква што заслужуваат сите граѓани на Република Македонија.
П.С. Обнова на Македонија следува и одговорност за вашите злоупотреби ќе има!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
27 годишен жител на Македонска Каменица осомничен дека ширел расистички и ксенофобичен материјал на интернет
Пак Делчево во билтенот на МВР: Кривична заработи директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево
Три кучиња во село Цера нападнале брат на сопственичката на кучињата која заработи кривична пријава