Во соопштение за јавноста од СДСМ најавуваат милјарда евра од Европската Унија доколку продолжат реформите и процесот на интеграција (читај Бугари во устав). Дополнително СДСМ најавуваат дека тоа било голема шанса која не смее да се пропушти а првиот трансфер од парите ќе бил бо април 2024 година.
Интегралниот текст на соопштението го пренесуваме во продолжение:
“Планот на Европската унија за раст на економиите на Западен Балкан и става на располагање на нашата држава милијарда евра.
Отворени се привилегиите и можностите од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите.
Првиот трансфер треба да се направи со април 2024 година.
Тоа значи дека ако продолжат реформите и процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет на ЕУ ќе го имаме за пет месеци.
Тоа е голема шанса која не смее да се пропушти, а тука е и отворањето на единствениот европски пазар за македонската економија, како и раст на животниот стандард на граѓаните.
Токму затоа блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски на европскиот пат мора да бидат поразени.”
-стои во соопштението кое СДСМ го упати до граѓаните.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дали управител на ЕСМ Туризам истовремено извршува функција на синдикален лидер?
Клопчето почна да се размотува: Над 60 фирми испумпале 3,2 милиони евра од ФИТР со проблематични проекти. Следуваат кривични!
Собранието носи Национална развојна стратегија која ќе биде патоказ за сите наредни влади