Рано утриното на денешен ден во 2018 година во Лос Анџелес во медицинскиот центар Cedar’s Sinai почина 95 годишниот визионер, уметник, забавувач, легендарниот креатор и продуцент на едни од највпечатливите стрип јунаци за сите генерации.
СТЕН ЛИ беше човекот кој ја редефинираше стрип културата во 60-тите години од минатиот век, создавајќеи цел еден нов универзум на стрип јунаци и анти јунаци, кои го одбележаа минатиот век и до ден денес се едни од најактуелните теми на обработка во стрип но и во филмската индустрија.
Фантастичната четворка, Спајдермен, Хулк, Ајрон Мен, Тор, Сребрениот Сурвер, Доктор Дум, Цела серија на мутанти од Икс-Мен серијалот, Локи итн, се едни од најзначајните ликови создадени од визионерската мисла на Стен Ли, во огромното море на Марвелови јунаци и анти јунаци.
Стен Ли со своето дело и креација која што доживеа распространетост низ сите модерни медиуми и сретства на изразување во текот на својот живот стекна голема база на следбеници и стана инспирација за драматична експлозија на цел еден свет на супер херои со кои што се идентификуваат огромен број млади и не толку млади луѓе.
Неговата оставштина за светот во времето во кое живееше веројатно ќе се проценува и анализира долги годинини по неговата смрт и уште многу генерации ќе пораснат и ќе живеат со неговото дело.
Оваа година Студиото Дизни+ сними документарен филм посветен на ликот и делото на Стен Ли кој што може да се погледне на нивната стриминг платформа.
Светот дефинитивно е подобро место за живеење со животот и делото на овој човек.
Почивај во мир.
R.I.P. Stan Lee.
Excelsior.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените