“Behemoth носи богохулие во Нов Зеланд, Австралија, Тајланд и Индонезија овој ноември. Кој од вас легионери е доволно храбар за да ни се придружи?”
-стои во промо слоганот на официјалната фејсбук страна на полскиот дет метал бенд Behemoth. за нивната нова светска турнеја која започнува Окланд на 24 ноември и ќе продолжи до средината на декември.
Behemoth е звучно и визуелно спектакуларен дет метал бенд кој што ја редефинира модерната метал музика особено нивните живи настапи кои што личат на своевидно музичко шоу кое нуди многу енергија, многу симболика и многу впечатливост и иконографија која што се разликува од се друго штое е присутно на светската метал сцена.
Пред неколку години Behemoth свиреа и пред Македонската публика во МКС во Скопје што беше настан за паметење за годините што следуваа за сите фанови на овој вид на музика.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години