Пратeникот Миле Лефков од Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент денеска на парламентарната расправа за предлог законот за попис кој што власта набрзина сака да го протурка со европско знаменце, ги изнесе своите аргументи зошто смета дека овој закон е штетен за граѓаните.
“Започнавте дека има потреба од општествен договор, таков немаше ниту партиите. Продолживте со тоа дека законот претставува добра правна рамка, а најголем дел од вашето излагање беше кога зборувавте дека треба да се има доверба во институциите.
Меѓутоа за да се заработи довербата на населението во пописниот процес најважна е содржината на самиот закон и најважна е пописната методологија која што во овој закон недостасува. И сами признавте дека законот не ее усогласен со европската регулатива. И каде и да погледнете во законот ќе видите недостатоци- токму оние на кои што ние како опозиција укажуваме.
Настрана фактот дека опозицијата имаше само 24 часа за амандмани.”
-реагираше Лефков од собраниската говорница.
Целото негова реплика во рамки на денешната расправа за законот за попис проследете ја во продолжение: