БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Милошоски: Пендаровски самиот се девалвираше со тоа што мандатот му го додели на пратеникот Заев, кој нема 61 потпис од пратеници

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот Пендаровски пред две недели тврдеше дека согласно Уставот ќе го додели мандатот само на оној кој ќе му предочи 61 потпис од пратениците.

Денес Пендаровски самиот се девалвираше со тоа што мандатот му го додели на пратеникот Заев, кој нема 61 потпис од пратеници, но е претседател на партијата СДСМ што го кандидираше Пендаровски. Го узурпираше мандатот, го заборави Уставот.

По оваа уставно-спорна логика Пендаровски можеше исто така да му го додели мандатот и на Африм Гаши, пратеник и претседател на партија. Или на Маја Морачанин, пратеник и претседател на политичка партија. Или да размисли кој му е поблизок па да реши да му го додели мандатот на Павле Трајанов или на Бејџан Иљас, избрани пратеници и претседатели на политички партии.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но, сепак Пендаровски го одбра Заев, наместо Уставот и затоа треба да е свесен дека со ваквиот свој потег тој дополнително ќе ја потхрани политичката и институционална криза во која Македонија се наоѓа подолго време.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace