БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Тошковски во посета на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово

Пренеси го гласот

Денеска бев во работна посета на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово каде остварив работна средба со раководството на Центарот и раководството на Факултетот за безбедност.

На средбата најпрво остваривме конструктивен работен состанок на кој се разговараше за тековните активности поврзани со реконструкција на дел од објектите од Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници. Со раководството на Факултетот за безбедност се разговараше и за дел од објектите кои се користат од двете институции и можноста за заедничка соработка во делот на реконструкција на истите. Исто така, поразговаравме и за целокупниот систем на полициско образование во нашата држава, какви се компаративните искуства во овој дел и потребата од повторно воведување на средно полициско образование.

По состанокот, направивме обиколка на целиот Центар, извршивме увид во тековните градежни активности, а разгледавме и неколку објекти кои претставуваат сериозен капацитет кој е неискористен и оставен на забот на времето, поради што независно од тоа што се наоѓаме во технички предизборен период, дадов насока до службите веднаш да ги преземат сите административни работи кои ги дозволува Законот во овој период со цел овие капацитети што поскоро да влезат во процедура за реконструкција и нивно ставање во функција.

На крај, заеднички констатиравме дека Центарот за обука има сериозен потенцијал да прерасне во современ и европски едукативен центар кој ќе продуцира и обучува квалитетни кадри од областа на безбедноста и во кој треба и понатаму да се инвестира, како од кадровски така и од материјално-технички аспект.

Извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот