Денеска на прес конференција од владата Министерот за здравство Сашо Клековски ги презентираше сите детали околу кризата со епидемијата во Гостивар
“Посветени и транспарентни за Гостиварчани
Денеска на прес конференција во Влада на Македонија, ги презентиравме инфорамциите и активностите на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë за епидемијата во Гостивар.
Клучни податоици
– 3.150 пациенти кои првпат побарале лекарска помош (заклучно со денес)
– врвот веројатно на 18 јули (сабота), од вчера 19 јули (недела) се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани.
Четирите лица кои беа хоспитализирани веќе се пуштени на домашно лекување.
Досега се доставени 140 формални пријави за заразни боилести, кои се обработуваат од епидемиолошките тимови на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно здравје, и се спроведени 81 епидемиолошка анкета.
Клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, а сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности продолжуваат на терен.
Погледнете ја целата прес конференцијата

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп