БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерството за финансии лажело за јавниот долг- пробиена е бариерата на долг од над 60% од БДП

Пренеси го гласот

Во изјава за јавноста денеска дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова алармираше за зголемениот износ на јавниот долг на државата кој што ја надминува психолошката граница од 60% од БДП.

“Врз основа на објавата на официјалните бројки за номиналниот БДП за 2023 година од страна на ДЗС, се утврдува УЧЕСТВО на јавниот долг во БДП од 62,1%, а НЕ 58,4% колку што е во официјалните извештаи на МФ.

Буџетскиот дефицит на Општата влада Е 4,9% од БДП, а НЕ 4,6% колку што е објавен и земен во Фискалната стратегија за периодот 2024-2028.

Владата на СДС и ДУИ ОТСТАПИ ОД ФИСКАЛНИТЕ ПРАВИЛА, без да постои ниту една причина за дозволено отстапување. А што се ПОСЛЕДИЦИТЕ? Нивното расипничко трошење, корупција во јавните набавки и криминал во трошењето на јавните пари се преслика во надминување на психолошката граница од 60% од БДП и границата поставена со Законот и Мастришките критериуми на ЕУ. Со овие отстапувања СЕ НАРУШЕНИ НАДВОРЕШНИТЕ ПОЗИЦИИ на Македонија.

Овој раст на јавниот долг Е ШТЕТЕН ЗА ИДНИНАТА на Македонија, штетен е пред домашните и странски инвеститори, пред меѓународните финансиски институции кои се партнери на Македонија. Истите ќе не’ гледаат како држава која има НАДМИНАТО КРИТИЧНА ГРАНИЦА НА ЗАДОЛЖУВАЊЕ, што пак ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ и ЌЕ ПРИЧИНИ ЗАДОЛЖУВАЊЕ СО ПОВИСОКИ КАМАТНИ СТАПКИ.”

bregalnickimarketing

-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на Елена Петрова- дополнителен заменик министер за финансии.

Креирано од:


Пренеси го гласот