Дали некогаш во некоја прилика ви се случило Дежа-Ву? Дали одредени локации или луѓе ви изгледаат познато иако во голема мера сте сигурни дека ниту сте биле таму ниту сте ги среќавале тие луѓе?
На Apple TV+ мрежата во моментот се емитува првата сезона на ТВ серијата Constellation (мк. Соѕвездие) со Наоми Рапејс во главната улога која што глуми лик на астронаут заглавен помеѓу два светови. Серијата изобилува со психо-социолошки елементи на сценариото проткаени со вистинска научна фантастика која што е на ивица на наука и фантазија во вистинска смисла на зборот.
Оние кои што се навикнати на Војна на ѕвездите и Ѕвездени патеки веројатно ќе им биде досадна оваа серија затоа што овде приказната извира од дамарите на човековата свест и потсвест и се движи во границите на сон и реалност. Дејствието на серијата одржува солидно ниво на тензија со елементи на хорор приказна, но “Соѕвездие” е многу повеќе од психолошка драма.

Во серијата има модерен наратив за односот меѓу двајца сопружници во бракот, односот на родитетлите со децата, односот на човекот со неговата работа, научниот пристап кон професијата, дури третира и меѓународни односи во рамки на односите меѓу НАСА, ЕСА и Руската вселенска програма…
Секој збор, секоја сцена, секоја случка во серијата треба внимателно да се проследи и запамети затоа што има рефлексија во подоцнежните епизоди на комплетирање на наративот, кој што со секоја нова епизода станува се покомплексен.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!